Одземени 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра: Детали од МВР за филмскиот грабеж на златара во Гостивар

Во филмскиот грабеж што синоќа се случи во Гостивар, одземени се 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра, информираат од полицијата.

„Четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3”  без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без регистарски таблички.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филмски грабеж на златара во Гостивар, ограбувачите со бодликави жици ги блокирале улиците за да побегнат од полицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести