Нов случај на малолетничко насилство: Девојче во Карпош нападнато од две врснички, нападот снимен и споделен на социјалните мрежи

Нов случај на насилство помеѓу малолетници во Македонија. И овојпат повторно малолетнички физички нападнале нивна врсничка.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје нападот се случил на игралиште во скопската општина Карпош, а истиот како и во другите слични напади бил снимен со мобилен телефон и споделен на социјалните мрежи.

Инцидентот на 10. октомври во полицијата го пријавил таткото на нападнатото девојче, Д.М. (39) од скопското село Бардовци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

(Вознемирувачко видео) Малолетнички тепале девојче во Чаир и го снимиле нападот, полицијата го расчисти случајот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести