Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, докторот Игор Кузмановски, немал лиценца за доктор од март годинава. Истата му била истечена, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој имал поднесено барање за нејзино продолжување минатата недела, информираа од Лекарската комора.
Неговото име не се наоѓа ни на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.
Дали истата ќе му биде продолжена ќе зависи од Комората, која се уште не донела одлука за снимката на која Кузмановски користи дрога, за што и беше разрешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Докторот Јован Божиновски нов директор на Неврологија
Неговиот наследник, докторот Јован Божиновски пак за подршката која Кузмановски вчера ја доби од колегите денеска изјави дека не доаѓа од стручниот колегиум, кој воошшто не се состанал деновиве, туку дека тоа е направено од неколку нивни колеги, кои самоиницијативно и непотпишани ја доставиле до јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) По шокантно видео како шмрка кокаин, разрешен директорот на неврологија, Игор Кузмановски
Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија
Фото: Унсплеш