Македонскиот пасош на 42. место според индексот на најмоќни патни исправи

Според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на Henley Passport Index, македонскиот пасош е на 42. место. Со истиот може да се патува без виза во 129 земји, а нашиот пасош споредено со лани бележи напредок на рангирањето од три позиции.

Од регионот, најмоќен е грчкиот пасош, на 5. место, хрватскиот е на 8. место, бугарскиот е на 14. место, српскиот е на 36. место, албанскиот и пасошот на Босна и Херцеговина се на 47. место, а косовскиот е на 65. место.

Најмоќни се сингапурскиот, јужнокорејскиот и јапонскиот пасош.

На дното, пак, се пасошите на Ирак, Сирија и Авганистан.

Индексот се заснова на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација на воздушен транспорт (ИАТА).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести