Денеска во Македонија се одржува првиот круг од локалните избори, а од Државната изборна комисија (ДИК) информираа дека се отворени сите 3.474 избирачки места.
Гласањето трае до 19 часот.
ДИК првичните резултати добиени по електронски пат од општинските изборни комисии (ОИК) ги објавува сукцесивно, додека оние врз основа на податоците од записниците на општинските комисии, ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по завшувањето на гласањето.
ОИК, пак, првичните резултати треба да ги објават во рок од седум часа по завршувањето на изборите, а врз основа на податоците од избирачките одбори.
Резултатите се истакнуваат на огласна табла во општините, и се соопштуваат на јавните гласила.
Изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на советот, односно градоначалник на главниот град треба да ги објави во рок од 10 часа по затворањето на гласачките места врз основа на податоците од општинските изборни комисии за Градот Скопје.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Овие резултати, ДИК ги објавува за секоја општина одделно.
Општинските изборни комисии конечните резултати ги објавуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На колку ливчиња ќе треба да гласате на локалните избори
Кој кандидат за градоначалник може да победи во првиот круг од локалните избори
Денеска локални избори во Македонија
Фото: Игор Бансколиев