Жена на возраст од 77 години била пронајдена почината во семејниот дом во скопска Кисела Вода.
– На 24.10.2025 во 12:50 часот во СВР Скопје, И.С.Т. пријавил дека во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје ја пронашол почината неговата баба Д.С. (77). Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала во куќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














