Маж на возраст од 53 години вчера починал во болница во Гевгелија откако се здобил со тешки телесни повреди по тепачка во Стар Дојран.
Станува збор за Н.Т. од Богданци, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), за инцидентот е уапсен 55-годишниот В.Р. од дојранското село Сретеново.
Телото на починатиот е дадено на обдукција, а против В.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Унсплеш














