Бобан Стефковски е реизбран за градоначалник на скопската општина Гази Баба.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Бобан Стефковски, старо-новиот градоначалник на Гази Баба
Кој е Стефковски
Рроден е на 14. јуни 1984 година во Скопје.
Основното и средно образование ги завршил во Скопје.
Во периодот од 2003 до 2007 година, завршил додипломски студии на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Иститут за одбранбени и мировни студии, Одбранбена насока, каде се стекнува со образовната титула Дипломиран професор по одбрана и заштита.
Во периодот од 2010 до 2013 година бил на магистерски студии на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Институт за безбедност, одбрана и мир, Безбедносна насока каде станува Магистер по безбедносни науки.
Работно искуство и политичка кариера
Во периодот од 2008 до 2013 година е на позицијата соработник во Кабинетот на државниот секретар во Министерство за одбрана.
Во периодот од 2013 до 2015 година е на позицијата соработник во Секторот за поддршка на министерот во Министерство за труд и социјална политика.
Во периодот од 2015 до 2017 е на позицијата државен советник во Секторот за заштита на децата во Министерство за труд и социјална политика.
Во периодот од 2017 до 2021 е на позицијата државен советник во Секторот за водење на прекршочна постапка од областа на работни односи и безбедност и здравје при работата, во Министерство за труд и социјална политика.
Во периодот од 2009 до 2013 година е советник во Советот на Општина Гази Баба.
Првпат стана градоначалник на Општината во 2021 година.
Оженет е и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга
Кој е Александар Јовановски, новиот градоначалник на Кичево
Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани
Фото: Фејсбук/Стефковски














