Повторените локални избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа ќе се одржат на 11. јануари

Локалните избори од почеток во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа ќе се одржат на 11. јануари, информираа денеска од македонското Собрание, од каде велат дека претседателот Африм Гаши ја потпишал оваа одлука.

Повторениот избор во овие општини следи откако во првиот круг од локалните избори на 19. октомври, таму не беше постигнат потребниот цензус од 33,33% излезност од запишаните гласачи.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести