Од Министерството за финансии по измените на Законот за додадена вредност (ДДВ) велат дека граѓаните нема да плаќаат данок кога ќе ги примаат пратките од „Тему“, бидејќи тој е веќе вкалкулиран во цената објавена на сајтот и се плаќа при купување на производот.
На 18. ноември македонското Собрание ги усвои овие измени на Законот со кои се предвидува оданочување од 18% на пратките од странство и до 22 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За пратките од „Тему“ од следната недела ќе се плаќа 18% данок
Тоа значи дека и граѓаните кои направиле нарачки пред донесување на измените на законот нема да имаат никакви дополнителни давачки.
„Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ‘Тему‘ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот, ДДВ-то ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.
Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе имаат нова обврска за уплата. Данокот кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор“, велат од Министерството.
Од Министерството посочуваат дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тему ни покажа колку не крадат македонските трговци
Тему “растура“ и во Македонија













