И српскиот претседател Александар Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“, тврди хрватскиот истражувачки новинар, Домагој Маргетиќ.
Станува збор за случајот кој го отвори Обвинителството во Милано, Италија, а во кој се истражува вмешаност на Италијанци кои наводно доаѓале во Сараево, Босна и Херцеговина, кое беше под опасада од 1992 до 1995 година, за да од задоволство убиваат цивили со снајпери од ридовите над градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Освен од Италија, наводно во Сараево за викенди во тој период да убиваат цивили доаѓале и државјани на бројни земји, меѓу кои и од САД, Франција, Германија, Велика Британија и Русија.
Маргетиќ како што соопшти на неговиот Фејсбук профил поднел кривична пријава за Вучиќ до Обвинителството во Милано.
Според Маргетиќ, Вучиќ, кој тогаш бил млад волонтер, бил присутен на една од воените позиции во Сараево од која, според сведоците, странски државјани и Срби убивале цивили од забава.
-Го информирав Јавното обвинителство за сите мои сознанија за поврзаноста на Александар Вучиќ со ‘човечкото сафари‘ во Сараево. Ги приложив сите докази, аудио, фото и видеоматеријали, како и медиумска документација од тоа време.
Вучиќ бил член на паравоен одред под контрола на Српската радикална партија за време на војната во 1992 и 1993. Единицата била стационирана на воена позиција на Еврејските гробишта во Сараево, вели Маргетиќ.
Вучиќ сè уште ја коментирал кривичната и обвинувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада













