Обвинителството истражува дали 42-годишниот маж од Тетово е убиен

Од Основното јавно обвинителство Тетово денеска информираа дека е дадена наредба за обдукција на телото на починатиот 42-годишен маж, кој вчера беше пронајден мртов во семејното возило „ауди” во атарот на селото Нераште, а истиот претходно од неговата сопруга беше пријавен за исчезнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

42-годишен маж од Тетово пронајден мртов во возило, полицијата истражува дали е убиство

Од Обвинителството велат дека на местото е извршен увид, а издадена е и наредба за подигнување на возилото и други траги од местото на несреќата, над кои ќе се врши вештачење.

Дадена е и наредба за обезбедување снимки од камери за видеонадзор, како и насоки за откривање на сторителите поради сомненијата дека смртта е резултат на кривично дело.

Како што информираа вчера од Министерството за внатрешни работи на стаклото од страната на возачот во автомобилот имало отвор од испукан проектил, а телото на мажот било облеано со крв во пределот на главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести