Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи, кои ќе се заменуваат без повторно полагање

Во Словенија се усвоени законски измени со кои земјата ќе ги признава македонските возачки дозволи, кои македонските граѓани ќе можат да ги заменуваат таму без повторно полагање на практичниот дел од возачкиот испит.

Услов е да имаат регулиран престој во Словенија.

Возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија, но ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење, односно здравствено уверение.

Со измените на Законот за возачи оваа можност ја добиваат и граѓаните на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести