Илир Демири, пратеник на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, одлучи да делува како независен во македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеникот од АА на Села, Илир Демири ќе делува како независен
Претходно оваа крило одлучи да ја напушти коалицијата со ДУИ, додека пак другото предводено од Арбен Таравари, останува.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Демири, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор на Клиничката болница во Тетово, кој го имаме во архива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Илир Демири од АА, кој ќе делува како независен пратеник
Каков имот пријавил
На свое име тогаш пријавил стан во Скопје од 70 метри квадратни, а како заеднички имот пријавил куќа во Тетово од наследство.
Вози Пасат.
Тогаш пријавил и кредит од 3 милиони денари, кој треба да го врати до 2040 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари останува, Села ја напушти коалицијата на ДУИ














