Цената на дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе изнесува 69,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и тоа сега ќе се продава за 66,5 денари за литар.
За 0,902 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и таа ќе изнесува 33,963 денари за килограм.
Фото: Unsplash














