Колкави плати земаат судиите

Платите на судиите подолго време се во фокусот на јавноста, а вчера претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, даде детален преглед.

Според него судија во основен суд со основна надлежност има нето-плата од 86.623 денари, а со проширена надлежност 89.346 денари.

Претседател на основен суд пак зема плата од 99.112 денари.

Врховен судија, има плата од 105.000 денари, а претседател на врховен суд 114.000 денари.

На овие плати има и додавање на минат стаж.

Просечните платите кои се исплатени лани на судиите во Врховниот суд, каде што е вкалкулиран минатиот стаж, изнесуваат 197.000 денари бруто, а 128.000 денари нето.

Најголема плата исплатена на судија во 2024 година, е 214.000 во бруто износ, а 139.738 денари во нето износ.

На овие плати не се ставени додатоци за доверливост и за ризик при работа, зашто, како што рече, тие додатоци не ги земаат секој месец.

-Како што има пари во буџетот, така ги земаме. На пример, еден месец 5% е додатокот, па три месеци нема, па ќе биде 7%, па пак 5%, па 10%. Меѓутоа тие не се примања коишто редовно ги примаат судиите, појасни Камбовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести