Вечерта на 11. декември во болницата „Борка Талески“ во Прилеп било донесено бебе на возраст од осум дена, без знаци на живот, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.
На детското одделение лекарите се обиделе да го реанимираат бебето, но безуспешно.
Од Основното јавно обвинителство Прилеп информираа дека започнале истрага за да се утврди од што починало бебето и во тој правец е дадена наредба за обдукција.
Бебето како што информираа од таму било пуштено од болницата по два дена откако било родено, по барање на мајката.
Извршен е и увид во домот на семејството, а од болницата е побаран извештај за целата постапка таму.
При увидот во домот на семејството е утврдено дека условите во кои живеело се сиромашни.
Фото: Унсплеш












