Се намалуваат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-Е V) се намалуваат за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари по литар, на Еуросупер БС-98, 75 денари по литар, а на дизелот 66,50 денари по литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за еден денар и сега ќе се продава за 65,50 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 денари и сега ќе изнесува 32,635 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести