Маж на возраст од 76 години почина откако во него удри камион, додека возел велосипед.
Станува збор за лицето И.М. од Гостивар, а возачот на камион „мерцедес“ Х.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Несреќата се случила денеска во 12:35 часот на крстосницата од улицата „Илинденска” со улицата „Седек Костовски” во Гостивар.
Починатиот бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
-По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Фото: Унсплеш













