Кога ќе останете без возачка: Сите детали за пакетот закони за безбедност во сообраќајот

Пред неколку денови во македонското Собрание беше изгласен пакет измени на закони за безбедност во сообраќајот, чие изгласување беше потребно за да целосно профукционира електронскиот систем “Безбеден град“, со кој во Скопје ќе почне да се казнува од 1. февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо од јануари, за прекршоци преку „Безбеден град“ ќе се казнува од февруари

Системот пак на ниво на целата држава треба да почне да функционора и да се казнува со негова помош, до средината на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Безбеден град“ и во Куманово и Тетово до крајот на декември

Беа изгласани измените за законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот, а останаа уште измените за Законот за прекршоци, кој е во собраниска процедура, како и измените во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот, кои се во фаза на разгледување.

Кога ќе останете без возачка дозвола

Новите законски измени покрај паричните казни, може да ве остават и без возачка дозвола ако трипати за возило од иста категорија, во рок од четири години, добиете забрана за возење.

Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година.

Откако судот ќе Ви ја одземе дозволата, ќе нематате право за полагање на возачки испит најмалку една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска започнува со работа шалтер за „Безбеден град“ за промена на податоци за возило или за неточни податоци

Новина е и што можете да добиете парична казна ако не ги ажурирате телефонскиот број и имејл во станицата за технички преглед. Казната е 100 евра.

Толерација за брзината

Една од најголемите забелешки на граѓаните за системот “Безбеден град“ беше толерацијата за брзината.

Со законските измени се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на мерниот уред, но не е наведено колку е маргината на грешка.

Се забранува и управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции.

Новини за автошколите

Новите законски измени предвидуваат и дополнителни обврски за автошколите.

Кандидатите за предавачи, инструктори, контролори и испитувачи на сообраќајни правила ќе мора да полагаат стручен испит за работа пред комисија во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казна ќе добивате на СМС порака или на мејл: Како ќе се казнува за сообраќајни прекршоци со “Безбеден град“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести