Изгласан Законот за Судски совет

Денеска во македонското Собрание беше изгласан Законот за Судски совет.

За истиот „за„ гласаа 73 пратеници, а ден беше „воздржан.

Со новото законско решение треба да има поголема јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“ и воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

Предвидено е и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите, јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на Судскиот совет.

Законот носи и обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите, утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет и бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести