Синоќа во Скопје, најверојатно од залутан куршум во главата е погодено 2-годишно дете, кое се бори за живот.
Засега не се познати лични податоци за детето, кое синоќа било примено на Интензивна нега во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во Скопје.
Не се познати ни околностите под кои се случил инцидентот, а моментално тоа е на интензивна нега.
Инцидентот денеска го потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Тешко телесно е повредено детенце од две години, кое е во животозагрозувачка состојба. Станува збор за метален фрагмент, но во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата.
Постојат повеќе теории за настанот и штом бидат утврдени причините, јавноста ќе биде информирана“, рече тој.
Фото: Унсплеш














