И утре ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени.
Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Фото: Унсплеш













