Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување.
Истражувањето покажува дека тендери за новогодишно украсување имале 36 општини, а најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра.
Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра – сите со една иста фирма.
Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари.
На 81% од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма, покажува истражувањето.
Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78% од вредноста на сите тендери за украсување во земјава, а 94% од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година.
Фото: Унсплеш












