Во антивладините протести во Иран, се убиени најмалку 2.900 лица, претежно млади, пренесуваат светските агенции, а над 22.000 лица се уапсени.
Протестите започнаа на 28. декември, а станаа помасовни откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика граѓаните на Иран кои протестираат да ги продолжат протестите, да ги освојат институциите и најави дека помошта од САД доаѓа.
Во меѓувреме Трамп ги стопираше плановите за воена интервенција во Иран, против која се и земјите од регионот, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет.
Во Иран се уште е исклучен интернетот, па единствените информации за состојбата таму доаѓаат од лица кои успеале да излезат од земјата.
Според дел од нив во Иран се уште се протестира, според други паг граѓаните се преплашени да излезат на улица по масовните убиства од страна на репресивниот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија тргува со Иран, има ли ризик да се соочи со американска царина од 25%?
(Видео) Празни улици и погреби во Иран, додека се очекува акција од САД
Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран
Фото: Унсплеш













