Утре во Давос, Швајцарија почнува 56. Светски економски форум на кој повторно ќе се собере светската политичка и бизнис елита.
Најавено е присуство на 3.000 учесници од 130 земји, од кои околу 400 се високи политички функционери, вклучувајќи околу 65 шефови на држави и влади, како и 850 извршни директори и претседатели на водечки глобални компании.
Од Македонија е познато дека на Форумот ќе учествува премиерот Христијан Мицкоски.
Се очекува и присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, генералниот директор на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, претседателот на Групацијата на Светска банка, Аџај Банга, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева…
Истиот ќе трае до 23. јануари, а годинава се одржува под слоганот „Духот на дијалогот“.
Главни теми ќе бидат геополитиката и економскиот раст, обнова на меѓународната соработка во услови на раскинати сојузи и променети безбедносни парадигми, изнаоѓање на нови модели за глобална соработка што би можеле да отворат простор за постабилен и инклузивен раст, вештачката интелигенција, одговорната примена на новите технологии, нивното влијание врз продуктивноста и конкурентноста, како и последиците за пазарот на трудот и општеството како целина, енергетската безбедност, заштитата на природата и управувањето со водните ресурси…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И првиот вицепремиер Сали оди во Давос на Светскиот економски форум
Фото: Влада














