Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 72 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 74 денари, а на дизелот, 66,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство пак ќе се продава за 66 денари за литар.
За 0,854 денари се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 32,987 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














