Од 1. февруари ќе се казнува со електронскиот систем “Безбеден град“.
Истиот моментално функционира во Скопје, Куманово, Тетово и на автопатите од коридорите 8 и 10.
До средината на годинава системот треба да почне да работи на целата територија на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За кои прекршоци ќе се казнува со “Безбеден град“ од 1.февруари
Колкави се казните
Ако возите 20 километри на час над дозволената брзина казната е 20 евра.
Казна од 45 евра ќе заработи возачот кој ќе вози од 20 до 30 километри на час над дозволеното.
А ако пак возите 30 до 50 километри на час над дозволеното, казната е 300 евра. Плус ќе добиете забрана да управувате со возилото од 3 до 12 месеци.
Ако пак возите над 50 километри на час над дозволеното, казната е 400 евра. Ќе добиете и четри казнени поени и забрана за управување со возилото од најмалку 1 година.
Во населено место, овие казни се построги и може да достигнат и до 500 евра, со задолжителна забрана за управување на возило.
Ако поминете на црвено светло казната е 250 евра. Ќе добиете и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци. Кривична одговорност пак е предвидена ако прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода.
Ако возите возило со истечена сообраќајна дозвола следува казна од 100 евра за возачот, а за сопственикот на возилото 250 евра.
За непрописно паркирање или запирање на забрането место пак е предвидена казна од 30 евра за стандардни прекршоци, 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот и 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост.
Ако казната се плати во рок од осум дена, плаќате половина од износот.
По овој рок мора да се платат 100% од износот со можност за присилна наплата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога ќе останете без возачка: Сите детали за пакетот закони за безбедност во сообраќајот
Фото: МВР














