Пијан Славеј, Каролина Гочева и Драги Иванов ја објавија песната „Си љубела, ќе љубиш“.
Пејат Гочева и Пијан Славеј.
Текстот и музиката се на Пијан Славеј, а аранжманот и продукцијата на Иванов. Негови се и миксот и мастерингот.
Иванов ги свири и клавијатурите, акустичната гитара и басот, а ги програмира и тапаните и го подготвува гудачкиот аранжман.
Уживајте!














