Како и што се очекуваше, пензиите од септември ќе се зголемат за 3%, потврдија од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).
Тие повеќе нема да се зголемуваат линеарно, туку процентуално, според движењето на платите и трошоците на живот.
Со новиот начин на пресметка сите пензионери нема да добијат ист фиксен износ. Процентуалната пресметка значи дека поголемо покачување ќе има кај повисоките пензии.
На пример ако пензионер има пензија од 20.000 денари, со зголемувањето таа ќе биде повисока за 600 денари. Кај пензија од 45.000 денари пак покачувањето ќе биде до 1.500 денари.
Порамнување ќе има двапати годишно – во септември и март.
Зголемувањето треба да биде исплатено на почетокот на октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите
Фото: Унсплеш














