Почина 13-годишното дете кое во Чаир беше прободено со нож во пределот на срцето

Почина 13-годишното дете кое во скопски Чаир беше прободено со нож во пределот на срцето.

Информацијата ја објави порталот tetova1.mk.

Тоа беше прободено со нож во тепачка која се случи вечерта на 31. август на улицата „Македонско-косовска бригада“.

Како што информираа тогаш од Министерството за внатрешни работи во тепачката учестувале две групи на малолетници и едно пололетно лице, а во иста биле употребени три ножа, гумена палка и други предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тепачката во Чаир 13-годишно дете е прободено во пределот на срцето, состојбата му е критична

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести