Во периодот од октомври до декември лани, во скопски Центар е продаден стан од 83 метри квадратни за 246.171 евра, покажува Извештајот од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности.
Почнувајќи од 2022 година од кога е трендот на постојано зголемување на цената на недвижностите во Скопје, но и во Охрид, Штип, Струмица… главниот град останува место со највисоки цени на недвижностите.
Извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека најмногу станови во овој период се продадени во скопската општина Аеродром -304, а најмногу куќи се продале во Општина Битола – 91.
Најмногу деловни простори пак се продадени во скопската општина Центар- 31.
Во Општина Куманово пак се продадени најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми – 110.
Најмногу градежно земјиште е продадено во скопската општина Ѓорче Петров – 43.
Во овој период, како што покажува извештајот се реализирани 9.283 трансакции (купопродажби и закупи), а споредбено со третиот квартал од 2025 година, во овој има регистрирано 964 трансакции повеќе.
Од октомври до декември се регистрирани 5.084 продажби, 1.094 продажби од инвеститор, 40 откупи од државата и 12 продажби на недвижности по пат на лицитација, или вкупно 6.230 купопродажби на недвижности, а споредено со третиот квартал лани, оваа бројка е повисока за 95 купопродажби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дански инвестициски фонд купил 40 станови во Скопје
По колку се продава метар квадратен во Скопје?
Цената на становите во Струмица пораснала за 20%, метар квадратен достигнува и до 1.300 евра














