Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) најавува дека за време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²).
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Фото: Unsplash













