Скијач од Данска повреден во лавина на Попова Шапка

24-годишен скијач од Данска вчера бил повреден откако го зафатила снежна лавина на Попова Шапка додека скијал, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Специјализирана екипа со соодветно возило успеала да го лоцира и да го извлече од снегот.

Акцијата завршила успешно во 16:10 часот, по што повредениот по укажаната прва помош на терен, со амбулантно возило бил пренесено во приватна болница во Скопје за понатамошно лекување.

Од Националниот парк Попова Шапка алармираат дека периодов има зголемена опасност од лавини.

Фото: Национален парк Попова Шапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести