Цената на становите во скопски Центар стигна до 232,7 илјади денари за квадрат, растат и цените во Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Охрид

Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека во тој период најскапо продадениот стан е во скопски Центар – 1.379.518 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на становите во Куманово пораснала за 24%, а во Тетово за 22%: Како се движеле цените во втората половина лани

Во Аеродром пак е продаден стан за 1.347.308 илјади денари, а во Карпош за 1.088.279 илјади денари.

Во Центар продажната цена на недвижностите во овој период стигнала до 232.722 денари за метар квадратен, а најнизок максимум има во Чаир – 19.543 денари по метар квадратен.

Највисока просечна цена за метар квадратен е постигната во Центар – 104,3 илјади денари.

Во Карпош, просечната цена е 99,6 илјади денари за метар квадратен, во Аеродром, 88,9 илјади денари, во Кисела Вода, 83,2 илјади денари, а во Охрид, 78,1 илјади денари.

Највисоката вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период е постигната во Центар – 82,8 милиони евра, во Аеродром – 59,1 милиони евра, во Карпош –  57 милиони евра, а најниска во Велес – 5,6 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стан од 83 метри квадратни во Центар продаден за 246.171 евра: Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да рушат рекорди

Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?

Како се движи цената на становите во Скопје?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести