Спречена нова трагедија во Кочани: Пожар од угостителски објект кој работел незаконски загрозил 96 станови

Денеска станарите од Трговски центар станбен блок А (96 станови) повторно имаа среќа што поминаа само со зачадени домови и огромен стрес поради настанување на пожар од угостителски објект, информираше поранешниот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски.

„Како и во неколку случаи низ минатото нашата среќа беше што пожарот не се прошири и што имаше брза интервенција на ТППЕ, сега имавме и дополнителна среќа што дистрибутер на роба го затечел пожарот во кујна, која се наоѓа во посебен објект (што е незаконски), додека во кујната немало никој од персоналот.

Ова е последен апел до кочанското обвинителство, до кого е поднесена кривична пријава уште на 10. јуни 2025 година од моја страна поради незаконски активности на угостителските кокошарници,“ напиша Крстевски на Фејсбук.

Фото: Венко Крстевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести