34-годишно момче од виничко загина откако со автомобил излета од пат

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 21.02.2026 година околу 00.20 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Виница било пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М. (34) од селото Крушево, виничко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести