Груби шест часа беше на распит во Обвинителството, ќе му се укине ли затворскиот притвор?

Откако утринава беше уапсен на граничниот премин “Блаце“, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со затворска полиција беше спроведен на распит во Основното јавно обвинителство Скопје.

Распитот траеше шест часови, а Груби не одговараше на прашања на новинарите кои го чекаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби спроведен во Шутка, од претходно за него има 30 дена притвор

За него додека беше во бегство, веќе имаше одлука за 30 денови затворски притвор, бидејќи е осомничен за проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија.

Засега не е јасно дали на сила ќе остане оваа мерка или истата ќе биде заменета со друга.

Тој беше во бегство од декември 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби во ќелија со Македонец, се чувствувал небезбедно од етнички Албанци, кои биле во Шутка

Објавено и видео од апсењето на Груби

ДУИ смета дека Груби сам решил да се врати и очекува правдата да биде еднаква за сите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести