(Фото) Угинатиот рис на патот Охрид – Ресен е возрасна женка: Во Македонија има само 50 единки од овој загрозен вид

Утринава на патот Охрид – Ресен, кај селото Буково е пронајден угинат Балкански рис.

Како што информираа од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) станува збор за возрасна женка.

Таа ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот “Кирил и Методиј“.

Во Македонија како што информираа претходно од Македонското еколошко друштво (МЕД) има само 50 единки од овој загрозен вид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Угинат рис на патот Ресен-Охрид

(Видео+фото) Рис снимен во околината на Кичево

Фото: МЕД/ДИЖС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести