Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид е пролонгиран до 31. мај, 2027 година, наместо до декември 20206 година, како што беше најавено.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ ќе потпишат нов анекс на Договорот, а кинеската компанија ќе добие дополнителни 186 милиони евра.
Дополнителните пари се за активностите што беа најавени за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување еластична одбојна, изградба на паралелни пристапни патишта, што не биле предвидени за поврзување на населените места, како и за контролен центар за тунелите.
Со дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, што ги изгласа синоќа македонското Собрание, се предвидува да се случи Анекс бр. 8, за автопатот во должина од 57 километри што се гради од 2014 година, а од кој досега се пуштени 40-ина километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид
(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии
(Фото) Пуштен дел од автопатот кон Охрид, делницата Пресека-Песочани
Фото: Влада













