Бесплатен роаминг за Телеком корисници во земјите од Блискиот Исток

Од денес, за сите Телеком корисници кои во моментов се наоѓаат на Блискиот Исток (Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија) е активиран бесплатен роаминг пакет од 10 GB, со важност од 7 дена, односно заклучно со 9. март 2026, информираат од компанијата.

„Пакетот им овозможува на корисниците да останат во контакт со своите најблиски, без дополнителни трошоци за интернет сообраќај во роаминг.

Со оваа одлука, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон грижата за корисниците и обезбедувањето сигурна и достапна комуникација тогаш кога е најпотребно,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 400 македонски граѓани побарале евакуација: Од ОАЕ и Катар нема услови, од Израел се разгледуваат опции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести