Два дена притвор за сопругот на жената која почина со ќерката по пад од балкон во скопски Карпош

Сопругот на 31-годишната Ивана, која си го одзеде живот заедно со нејзината 6-годишна ќерка, со скок од високатница во скопски Карпош, Стојанче Јовановски, доби 48-часовен притвор.

Тој е осомничен за неколку кривични дела – наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени фотографии од сопругот на жената која со ќерката загина по пад од балкон во Карпош

Како што информираа од Основното јавно обвинителство одредената мерка е за да се обезбедат докази во однос на сомненијата во врска со него и за да се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес и други дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругот на загинатата жена во Карпош имал 10 кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога

Мајката и детето биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна, сопругот задржан во полицијата: Нови детали од Обвинителството за трагедијата во Карпош

“Самоубиство на мајката со ќеркичката не е само трагедија – тоа е крик што предолго останува неслушнат“: Реакции за немилиот настан во Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести