Инфлацијата во февруари 2,9%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 0,2 %, објави Државен завод за статистика.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2,9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %.

Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4 %, Облека и обувки за 1,1 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 %. 

Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0,8 %, Здравствена заштита за 0,6 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,5 %, Информации и комуникации за 0,2 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 99.7.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести