И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток

Кризата на Блискиот Исток, која настана по нападот на Иран од страна на Израел и САД, освен што донесе раст на цените на нафтата, златото и гасот, ќе влијае и на цените на авионските билети.

Причината е растот на цената на авионското гориво. Тоа пред кризата се продаваше по цена од 85 до 90 долари за барел, а денови по цена од 150 до 200 долари за барел.

Воениот конфликт го наруши и глобалниот авионски сообраќај, што придонесе да карти за одредени дестинации се продаваат по рекордно високи цени, зголемувајќи ги стравувањата од сериозен пад на побарувачката за патувања и можноста за масовно приземјување на авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата драстично падна додека во Македонија се правеа колони на бензинските пумпи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести