Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Цената на бензините и дизелот очекувано е топ во јавноста и на социјалните мрежи. Неделава поради кризата на Блискиот Исток, истата драстично се зголеми, а главното прашање е дали Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) утре ќе објави пониски или уште повисоки цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали во понеделник горивата ќе поевтинат откако Окта понуди попуст за трговците

Во меѓувреме најголемиот снабдувач со нафтени деривати во Македонија, Окта АД Скопје, им понуди на трговците со горива, попуст од 2 денари по литар за дизелот и бензините, на што реагираше најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, Макпетрол АД Скопје, од каде потенцираа дека понудата на компанијата не е доволна и не го решава проблемот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од Макпетрол сметаат дека најдоброто решение за сите е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот.

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати

Според Годишниот извештај за 2024 година на РКЕ, малопродажната мрежа на нафтени деривати во Македонија се состои од 389 бензински станици.

Според бројот на бензински станици, Макпетрол е лидер на пазарот со 127 бензински станици, а потоа следуваат Лукоил со 40 станици и Окта со 27 бензински станици, додека останатите 195 бензински станици се во сопственост на повеќе други домашни претпријатија.

Во трговијата на мало Макпетрол доминира со 44,41% пазарен удел според продажбата во тони, а потоа следуваат Лукоил со 15,73%, Дади Оил со 12,86%, Супертрејд со 9,65%, Црна Река со 4,75%, Детоил со 3,13%, Пуцко Петрол со 2,31%, Омпетрол со 2,75% и Јавор Шпед со 1,62%, додека уделот на сите останати шест трговци кои имале продажби преку бензински станици изнесува 2,8%.

Кај големопродажбата доколку се исклучи извозот, на прво место е Супертрејд со 24,06%, по што следат Окта со 13,42%, Макпетрол со 11,43%, Дади Оил со 9,08%, Јавор Шпед со 7,46%, Пуцко Петрол со 9%, Детоил со 4,68%, Ли-Оил со 3,3%, Лукоил со 2,37%, Црна Река Петрол со 2,76%, РКМ со 2,34%, додека останатите 11 трговци на големо со нафтени деривати имаат вкупен удел од 10,09%.

Во 2024 година извозот изнесувал 330,7 илјади тони и забележал пад од 4,56%, односно 15,79 илјади тони, поради намалениот извоз во Косово на дизел и мазут.

Најголемо учество во извозот на нафтени деривати во 2024 година има Окта со 88,34%, Екс фис со 7,98%, Макпетрол со 2,10%, Супертрејд со 0,73% и останатиот извоз од 0,85% е реализиран од страна на останатите трговци.

Екс фис останува значаен учесник на извозниот пазар, а во 2024 година успеал да го зголеми пазарниот удел преку добивање на тендер со Wizz Air. Главен пазар на компанијата е Косово, но истата тогаш немала воспоставена мрежа во Македонија, ниту пак има значајно искуство на македонскиот пазар.

Пад на продажбата

Во 2024 година вкупната продажба на пазарот изнесувала 964,87 илјади тони, односно забележан е пад од 4,2%, а продажбата се намалила за 42.385 тони.

Домашниот пазар во 2024 година е со променет баланс, при што малопродажбата учествувала со 64%, а големопродажбата со 36% од вкупната продажба.

Во вкупната продажба на домашниот пазар, како и минатите години, доминира продажбата на дизел-горивото со 74%, а потоа следат моторните бензини со 12%, мазутот со 7% и пропан-бутанот со 5%, додека пак другите деривати учествуваат со помалку од 5% во вкупната продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот

Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести