Маж на возраст од 59 години загинал завчера откако паднал од висина при изведување на градежни работи на зграда во изградба во скопска Кисела Вода.
Станува збор за Ж.С. од кривопаланечкото село Герман.
Како што информираа од полицијата тој веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во критична состојба. И покрај обидите на лекарите да му го спасат животот, како последица на тешките повреди, тој починал.
За случајот е известен и Државниот трудов инспекторат кој треба да утврди дали биле запазени безбедносните процедури на градилиштето.
Фото: Унсплеш













