(Фото) Пожарникари извлекувале девојка од провалија под Цареви Кули, во Струмица

Пожарникари од Струмица, извлекувале девојка од провалија под Цареви Кули.

„Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол.

Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.

По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош. На лице место присутни беа и екипи од МВР Струмица,“ се вели во соопштението на ТППЕ.

Фото: ТППЕ Струмица/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести