Владата најавува вонредни мерки заради цената на нафтата на светските пазари. Истите треба да бидат донесени на седница која што е закажана за утре во 12 часот.
Иако до сега властите тврдеа дека нема потреба од мерки, сепак случувањата на Блиски Исток, бараат да се превземат вонредни мерки за да се спречи раст на инфлацијата и да се стабилизира цената на горивата.
Едни од можните мерки се намалување на ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10%, како и намалување на акцизата за горивата до 4 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот













