Од Фондот за здравствено осигурување денеска ги предупредија болниците во земјава да проверат колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца и навреме да набават доколку го немаат во потребните количини.
Оваа следи откако поради кризата на Блискиот Исток, неговата цена порасна за дури 30% и најверојатно ќе продолжи да расте, а може да биде и недостапен за продажба на европскиот пазар.
На глобалниот пазар веќе се бележи недостаток на хелиум со висока чистота, бидејќи Иран предизвика значителна штета на Ras Laffan, најголемиот индустриски хаб во Катар за производството на течни гасови.
Со нападите, Иран, не само што стопираше дел од катарското производство на метан, туку и 30% од светското производство на хелиум, а конфликтот уште претходно отежна и голем дел од неговата испорака низ светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на авионските билети ќе продолжат да растат
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Фото: МЗ













