Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), направи измени на Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, со што се овозможува за цената на горивата да се реагира на вонредни седници кога било во текот на неделата, а не како што беше до сега само во понеделник.
Кога започна енергетската криза поради војната во Иран и Блискиот Исток, РКЕ ја укина одлуката од 2022 година, со која се овозможуваше реакција за цената на горивата на дневно ниво, односно кога промената на цената ќе биде повисока од два денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев













